Во првата недела од септември 5.171 сообраќаен прекршок – 1.765 од нив се за возење со брзина поголема од дозволената

t

Во текот на вчерашниот празничен ден, 08.09.2025, во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 781 издадени платни речиси третина односно 254 налози се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, а потоа следат 106 прекршоци за возачи коишто управувале возила без возачка дозвола, како и за возачи коишто неправилно престигнувале – 129 прекршочни санкции.

Понатаму, вчера евидентирани биле 46 прекршочни казни за користење на мобилен телефон и 47 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неправилно паркирање изречени биле само 30 прекршочни платни налози. Исто така 15 лица коишто управувале мотоцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, 17 возачи се отстранети од сообраќај заради детектирано присуство на алкохол во крвта, а четворица заради минување на црвено светло. Воедно, вчера на осуммина возачи се лишени од слобода и им се поднесени кривични пријави по основ на чл. 297-а од КЗ на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило“) од коишто двајца заради присуство на над 1,5 промили алкохол во крвта, петмина заради недозволена брзина на движење надвор од населено место и еден заради претекнување на возило на непрегледно место. Наспроти прекршоците согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, согласно одредбите од Законот за возила вчера од сообраќај биле исклучени 15 возила заради тоа што немале валидна регистрација, како и шест возила коишто биле технички неисправни.

Сумарно гледано во првата недела од овој месец, односно од 01.09.2025 заклучно со 08.09.2025 полициските службеници издале вкупно 5.171 платен налог од кои согласно статистичките податоци 1.765 прекршоци се однесуваат на непрописно брзина на движење, 1.020 за непрописно паркирање, и дури 503 прекршоци за возачи што управувале без возачка дозвола. Покрај ова во првата недела од септември регистрирани се 170 казни за пешаци, потоа 176 прекршоци по основ на користење на мобилен телефон и 228 прекршоци по основ на неносење сигурносен појас, а евидентирани се и 116 прекршоци за прекумерно присуство на алкохол во крвта, 29 минувања на црвен семафор како и 119 прекршоци кај мотоциклисти коишто не носеле заштитен шлем. По основ на Законот за возила од сообраќај се исклучени 112 возила без соодветна регистрација и 23 коишто биле технички неисправни.

Инаку првата недела од септември ја карактеризираа и поднесените 32 кривични пријави за возачи и истите се лишени од слобода по основ на чл. 297-а („безобѕирно управување со моторно возило“) од коишто 14 кривични пријави се однесуваат на прекумерно количество алкохол на во крвта, а 17 за возење со брзина поголема од дозволената (и само во еден случај за претекнување на непрегледно место).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во првата недела од септември 5.171 сообраќаен…

Во текот на вчерашниот празничен ден, 08.09.2025,…

Претрес во Скопје, пронајдени пиштол и куршуми…

На 05.09.2025 во 17:30 часот во Скопје,…

Драма во Чаир, имало и пукање: Полицијата…

Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје…

„Безбеден град“ стартува од 1 јануари

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во…

Лишени од слобода напаѓачите на двајца малолетници…

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти…