Во пукањето во Батинци загина припадник на АРМ

t

Педесетгодишен припадник на Армијата со иницијали А.М. од скопското село Батинци е убиен утринава, откако во него било пукано со огнено оружје додека управувал автомобил „Киа“ на влезот во селото. Од Армијата потврдија дека починатиот е нивен припадник и информираа дека за време на трагичниот настан тој не бил на служба, односно користел слободен ден.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот бил пријавен во СВР Скопје околу 10:15 часот. Во пријавата стои дека лице со иницијали М.Џ. пукало кон возилото кое било во движење.

„А.М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ за укажување на лекарска помош, каде во 11:00 часот од страна на доктор била констатирана смрт“, соопштија од МВР.

Од Армијата изразија длабока жалост до семејството на починатиот.

„На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција“, се додава во соопштението на АРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пукањето во Батинци загина припадник на…

Педесетгодишен припадник на Армијата со иницијали А.М.…

Застреланиот во Батинци бил мртов кога го…

Вооружен инцидент е регистриран денеска во скопското…

Пукање во Батинци – едно лице повредено…

Денеска околу 10:15 часот во СВР Скопје…

Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата…

Претседателката, согласно Законот за управување со кризи,…

Татко и синови со клоци и тупаници…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…