“Во Русија веќе сите се терористи”: Зеленски вети дека ќе соборат повеќе руски ракети
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напади врз инфраструктурата во многу големи размери и вети дека неговата армија ќе ги подобри, како што наведе, веќе добрите резултати во соборувањето ракети со помош на нејзините партнери.
– Географијата на овој последен масовен удар е многу широка, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, наведувајќи региони во западна, централна и јужна Украина.
– Се разбира, немаме техничка можност да собориме 100 проценти од руските ракети и да ги нападнеме дроновите. Сигурен сум дека постепено ќе го постигнеме тоа со помош на нашите партнери. Веќе соборуваме најголем дел од крстосувачките ракети и повеќето од дроновите, истакна Зеленски.
Во неговото интервју тој ги критикуваше Русите за поддршката на војната и додаде дека “во Русија веќе сите се терористи”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…