Во сабота во Кочани марш во чест на загинатите деца – се бара вистинска правда

t

Родителите и семејствата на загинатите од трагедијата во кабарето Пулс во Кочани, како и секоја сабота, и оваа ќе излезат на марш.

Со секој чекор што ќе го направат, тие ќе ја оддадат почит на своите ангели, а секој поглед кон небото ќе потсетува дека таму се нивните најмили.

Маршот започнува во 15:05 часот во Паркот на револуцијата во Кочани, продолжува преку УЈП и МВР, со кратка блокада на Двојниот мост, потоа пред Основниот суд во Кочани, и завршува повторно во Паркот на револуцијата, местото од каде тргнаа.

„Ние не бараме ништо повеќе од вистинска правда – за нашите деца, за сите што ги нема, и за идните генерации кои ќе живеат во оваа земја“, велат родителите.

Тие повикуваат граѓаните да се придружат со достоинство и тишина, која зборува погласно од било какви зборови, за да го поддржат нивниот глас и совеста на општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сабота во Кочани марш во чест…

Родителите и семејствата на загинатите од трагедијата…

(Видео) Дали МРТ е цел на сајбер…

Националната телевизија Македонската радио-телевизија (МРТ) е во…

Косовски безбедносни сили тврдат дека „по грешка“…

Конвој возила на косовските безбедносни сили (КБС)…

Само што ни тргна: Осум месеци од…

Нискобуџетната холандско-француска авиокомпанија „Трансавиа“ ги укинува редовните…

Лекарската комора со морална осуда за д-р…

Лекарската комора на Македонија (ЛК), преку Комисијата…