Во сабота литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица во центарот на Скопје

t

Претстојниот викенд, поточно во недела на 21. септември, се слави рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) – еден од големите празници на Светата православна црква.

Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи. На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

– В сабота, на 20 септември 2025 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. По Вечерната, ќе следува Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје. Ги покануваме сите верни чеда да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата, информираат од скопската епархија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сабота литија со иконата на Пресвета…

Претстојниот викенд, поточно во недела на 21.…

Османи: Првиот ден прогласувам кризна состојба за…

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи,…

Гаши ги негира тврдењата за тајна посета…

Кабинетот на претседателот на Парламентот, Африм Гаши,…

Цени на станови: Скопски Центар до 2.700…

Најскапиот стан продаден во државата во периодот…