Во сабота Марш за ангелите во Кочани
И оваа сабота, 20 декември, во Кочани со почеток од 14:05 часот ќе се одржи 34-тиот протестен “Марш за ангелите”.
Од организаторот, здружението „16 Март 2025“ ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на маршот за правда за жртвите од трагедијата во “Пулс”.
„Дојдете со нас на 34-тиот Марш на ангелите. Ги повикуваме сите граѓани на Кочани и од цела Македонија да чекорат со нас за вистинска правда за нашите деца кои ги нема и за иднината на сите деца што доаѓаат. Да чекориме заедно во тишината што вреска по правда, во името на нашите деца кои ги нема, и за иднината на сите деца кои мора да бидат заштитени. Од Паркот на Револуција Молчењето не е опција – правдата мора да се избори заедно. Секој поглед бара правда“ – стои во писменото соопштение за медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сабота Марш за ангелите во Кочани
И оваа сабота, 20 декември, во Кочани…
Русите им се заканија на европските банки
Централната банка на Русија објави дека ќе…
Карлсон тврди: Можно е Трамп вечерва да…
Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека постои…
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на…
Eвропската Унија(ЕУ) воведува заедничка листа на „безбедни…
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на…
„Го сменија јавниот обвинител за да постават…