Објавено на:

Во САД извршена уште една смртна казна

t

Во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина стрелан е 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за убиство на тројца мажи во 2004 година.

Брајант убил тројца мажи за пет дена. На местото на злосторството, тој оставил порака напишана со крвта на неговата последна жртва: „Фати ме ако можеш“.

Тоа беше 43 егзекуција во САД годинава, што е најголем број од 2012 година. Уште три се планирани пред крајот на годината.

Во САД егзекуциите најчесто се извршуваат со смртоносна инјекција. Годинава 35 осуденици се егзекутирани со инјекција, петмина со инхалација со азот, а тројца биле стрелани во Јужна каролина, првпат од 2010 година,

Смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Додека во Калифорнија, Орегон и Пенсилванија се почитува мораториум на егзекуции со одлука на гувернерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во САД извршена уште една смртна казна

Во затвор во американската сојузна држава Јужна…

Трамп: Наскоро ќе започнеме со нуклеарни тестови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

САД ја продолжуваат лиценцата за работа на…

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC)…

“Протече” тајниот договор меѓу Владата на Србија…

Владата на Србија и фирмата на Џаред…

„Си-Би-Ес“: Високи американски функционери го информираа Трамп…

Високи американски воени функционери го информираа претседателот…