Во свесна состојба се четворицата малолетници кои вчера беа примени на Токсикологија под дејство на алкохол и дрога

t

Во свесна состојба се сите четворица малолетници кои вчера со тешка здравствена слика беа примени на Клиниката за токсикологија.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев утрово за Курир потврди дека децата се со стабилни витални параметри.

-Кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци. Не е докажано присуство на алкохол и немаат посериозни повреди, вели Чибишев.

Тие остануваат на Клиниката за токсикологија каде ќе продолжи нивното лекување и надзор.

Продолжува и истрагата за расчистување на целиот случај со малолетниците кои вчера во безсознание беа пронајдени во куќа во Скопје, а по пријава за нарушен јавен ред и мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…

Во Албанија уапсени повеќе од 200 луѓе…

Акцијата е изведена во текот на ноќта…