Во скопската населба Ново Лисиче измерено е енормно загадување
Скопјани секоја година се “гушат” и страдаат од прекумерно загадување на воздухот, но она што може да се забележи е што скопската населба Ново Лисиче речиси секогаш ги урива рекордите на загаденост.
Имено вчера беа измерени дури 233 пм честички во воздухот што за разлика од другите скопски населби е енормно многу. При вакви услови препораките е да се седи дома, да се затворат сите прозори и надвор да се излегува само ако е неопходно.
Што ја прави оваа скопска населба да биде толку загадена можеме само да се претпоставуваме. Некои велат дека целата населба е изградена на место каде е тој од дел од Скопје е понизок од другите населби други пак прстот го вперуваат во депонијата Вардариште каде што според искази на жителите неконтролирано се палат работи.
Како и да е загадувањето на воздухот е едно од најгорливите прашања со кои се соочуваат скопјани секоја зима и сега се што останува е на надлежните институции да го решат овој проблем во најкраток можен рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…