МЕГА СКАНДАЛ: Во скопскиот регион се краде струја во вредност од 50 милиони евра годишно?! – САМО АРАЧИНОВО „ПРЖИ“ ПО 6 МИЛИОНИ ЕВРА, НАРОДОТ НЕКА ГОТВИ ВО ПОМАЛИ ТЕНЏЕРИЊА!
Инфомакс есклузивно дознава за сериозен проблем со кој се соочува правната држава и имплицира сериозен грабеж кој веројатно се случува со амин власта, а го плаќаат обичните граѓани и бизнисот.
Станува збор за оваа јавна тајна за која никој нема храброст да проговори поради политички или бизнис интереси.
Сепак народот заслужува да ја знае висината имајќи во предвид дека цехот го плаќаат граѓаните, бизнисот и правната држава.
Се работи за контиунирана, бескомпромисна и дрска кражба на струја во Општина Арачиново која се одвива со години во Арачиново. Како што дознаваме во Арачиново крадат енеормни количини на електрична енергија и за тоа ќе презентирам факти и бројки од неколку трафостаници на ЕВН во Арачиново.
Ова статистика се однесува само на месец февруари 2022 година и загубите на електрична енергија во Арачиново изнесуваат околу 80%!
Арачиново Трафостаница број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%,
Арачиново ТС број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%,
Трафостаниците во Арачиново со броеви 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја.
Трафостаниците во Арачиново со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја
Арачиново ТС број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја.
Или вкупно 2 800 MWh изнесува загубата во овој реоно поради кражба на струја само во февруари 2022 година или тоа е над 20 000 MWh загуба годишно. Ако набавката на електрична енергија e 300 евра по MWh, кражбата на струја изнесува фантастични 6 милиони евра годишно или 60 милиони евра за 10 години.
Практично се= евидентирани кражби на електрична енергија во скоро сите ормари, алармите се оштетени и демонтирани во сите ормари, нема услови за безбедно вршење на редовните работни активност, односно вработените постојано се соочуваат со вербални и физички напади.
ЕВН од 2014 година па наваму инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа кон Арачиново, а како странска фирма ја надополнува загубата која на крај ја плаќаат граѓаните кои редовно ги плаќаат своите сметки за струја.
Обидите на локалната и централната власт да се справи со проблемот речиси никакви. Претходната градоначалничка на Арачиново можеби имаше и најнесериозен пристап кон решавање на овој проблем.
МВР е нем и е немоќен набљудувач во оваа невидена кражба и најверојатно фактурата од 6 милиони евра годишно треба да притстига на нивна адреса.
Се отвара прашањето зошто се молчи, зошто се толерира овој грабеж кој го плаќа секој обичен граѓанин и бизнисот.
Во тек се анализи и за одредени региони кои исто така според одредени информации кражбата или загубите на струја е исто така огромно, станува збор исто така за скопскиот регион во Сингелич, Серава, Грчец и Студеничани. Ако тенденцијата за кражба на струја е скоро со ист процент како во Арачиново, тогаш во Скопскиот регион се крадат фантастични 50 милиони евра годишно.
Додека секојдневно устата и на власта и на опозицијата е преполна со правната држава, никој не се одважува да говори за овој криминал кој тежи милиони.
Правната држава е доведена во прашање катастрофален е и сигналот кој како држава и општество го испраќаме до ЕУ, САД и сериозните инвеститори дека сме некадарни да спречиме 6 000 000 евра чист грабеж.
Имајте во предвид колку градинки, училишта, водоводи и канализации се тоа годишно на годишно ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанка тешко повредена во сообраќајна несреќа
На 23.12.2024 во 18:00 часот во СВР…
АХВ спроведе 62 вонредни контроли: повлечени новогодишни…
Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство…
Мора да купуваат наш гас и нафта:…
Во 2023 година, трговската нерамнотежа меѓу САД…
Извршена трансплантација на ахилова тетива од починат…
Министерството за здравство информира дека на Клиниката…
Ахмети: Албанците се гневни – не може…
Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации…