Во Скопје за првпат се формира Совет на млади – Арсовска сака да го чуе гласот на младите
Во вечерашната емисија на “Наше Скопје” градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изјави дека за првпат во Скопје ќе се формира собрание и младински совет кој ќе работи да се слушне гласот на младите и нивните политики да бидат пренесени до носителите на одлуки.
“Собранието на млади е една форма преку која што ќе се работи во градот, односно ќе биде она собрание кое ќе работи на изборот на членови на младинскиот совет, кој што е дел од реформите кој што ќе треба да се направат а се врзани со законската регулатива. Градот Скопје имал обврска ова да го направи, но сега за првпат се формира и овај совет на млади и собранието. Ова ќе биде една од оние платформи кои ќе работат да се слушне гласот на младите, нивните политики кои тие би сакале практично да бидат пренесени, односно да бидат имплементирани во секојдневието особено на локално ниво да се најде начин како да се имплементираат.” – истакна Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…