Во Скопје стигна до 3000 евра за метар квадратен, цената на становите ќе скока поради странските инвестициски фондови

t

Странските инвестициски фондови кои на големо купуваат станови во Скопје, уште повеќе ќе ја зголемат цената на станбениот квадрат, кој во метрополата стигна и до 3.000 евра. Ова во емисијата Бизнис 21 го потврдија Ивица Јаќимовски, претседател на градежната комора при Сојузот на стопански комори и Слободан Митровски, од Агенцијата за недижности „Асторија“. Дански инвестициски фонд веќе потврди дека купил 250 станови во изградба на атрактивни локации во Скопје, а намерата им е за кратко време да стигнат до 1.000 станови.

„Секако ќе ги покачи. Самите информации кои испливаа во јавноста, мораа да излезат секако, ќе трпи корекција секако цената према повисока цена за жал. Таа и сега е релативно висока“, изјави Митровски.

„Ако гледаме од гледна точка на тоа што го поставивте како прашање дека тоа би било причината за зголемување на недвижноста, тоа во некоја мера е така. Меѓутоа од друга страна покажува дека имаме стабилен пазар на недвижности, во однос на тоа кога веќе се направени анализи од фондови од европско или светско ниво“, рече Јаќимовски.

Митровски смета дека Фондовите не ги купуваат становите за изнајмување бидејќи така инвестицијата нема да им се врати за 25 до 30 години,туку ги купуваат во изградба за да ги продадат по повисока цена и да заработат.
Се отвори и дебатата околу дивоградбите. Но и проблемот на граѓани кои со години не можат да дојдат до имотни листови за становите кои ги купиле.

„Има имотен лист го гледаш објектот, па јас го гледам на крај. Ако тој објект го извадил венецот горе во висина од метар и дваесет, што правиме ќе добие имотен лист?“.

„Не. Имаме проблем, ама ние тогаш го гледаме. И тука треба да го фатат тој што е инвеститор, бидејќи ништо невозможно е случајно да избегаме“, рече Митровски.

„Но, ние немаме такви инвеститори кои што изградиле станови и избегале направиле таква“.

„Е како немаме?“

„Нема, е кој е тој ајде?“

„Добро сега.“

„Еве во дадена ситуација кое е тоа име и презиме, фирма кое во последниве, еве зборам откако е регулирано електронски, кој е тој што направил објект, а да отстапува.“

„Ама реков не мора во последно време, значи не велам последно време, али последно време исто има махинации разни. Значи има. Има…“.

И двајцата соговорници се децидни дека на високите цени на станбениот квадрат најмногу влијае немањето на државна стратегија. Според нив треба итно носење на Детални и Генерални урабанистички планови и локации за градба, за да може да се направи баланс, односно да се градат и станови со пониски цени за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје стигна до 3000 евра за…

Странските инвестициски фондови кои на големо купуваат…

(Видео) Драма на средба со Вучиќ: Жена…

За време на посетата на српскиот претседател…

Панчевски ќе објавел книга за СЈО, вели:…

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски…

„ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Е ОБИЧНА ЛАЖЛИВКА“: Најчевска со остра…

Професорката и активистка, Мирјана Најчевска со остра…

Потресно сведоштво на баба Росанка од Челопек:…

По вчерашната обајва од МВР и Јавно…