Во Скопје ќе се сретнат македонскиот и бугарскиот министер за внатрешни работи, но нема да дават изјави за новинарите
Утре напладне, во работна посета на Министерството за внатрешни работи, каде ќе се сретне со министерот Оливер Спасовски, ќе престојува Иван Демерџиев, бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, соопшти МВР.
Во информацијата што МВР ја проследи до медиумите, пишува дека двајцата министри по завршувањето на средбата нема да даваат изјави за медиумите, туку само ќе биде издадено соопштение.
Средбата на „првите полицајци“ на двете држави доаѓа откако беа објавени информации дека на 4 февруари, кога се одбележува годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во Скопје ќе дојде организирана група бугарски државјани. Претседателот Стево Пендаровски оцени дека чествувањето на гробот на Делчев е настан од висок безбедносен ризик, а македонските власти соопштија дека ќе ги преземат сите мерки на обезбедување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…