Во Солун грижливо се чуваат моштите на Св.Димитрија

t

Православните верници денеска го слават Св. Димитрија, христијански маченик кој се смета за заштитник на градот Солун.

Црквата има некоја чудотворна моќ која на верниците им дава некое посебно чуство на мир и спокојство

Храмот датира од времето кога градот бил втор по големина во Византиската империја, а денеска е на листата на светско културно наследство од УНЕСКО.

За време на отоманската окупација, црквата била претворена во џамија. Била муслимански храм се до 1912 година, а пак  во 1917 година храмот бил целосно бил опожарен. По реставрацијата  бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад со крвта на Димитрија.

Легендата вели дека моштите на светителот биле скриени во крипта и дека имало мироточение. Поради тоа верување, и денеска на денот на Светецот, ковчегот со моштите се отвора и на верниците им се раздава памук исполнет со ароматична течност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ