Објавено на:

Во сообраќајка во Битола почина 65-годишник

t

МВР информира дека вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „Наум Наумовски“ со ул. „Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал.

Со телесни повреди се здобила К.С.(53) од Скопје, сопатничка во возилото „шкода“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…

Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…

Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…