Во Србија трајно ќе им се одзема возило на возачи кои прават тешки прекршоци
До средината на годината во Србија треба да стапи во сила целосно нов Закон за безбедност во сообраќајот, чиј нацрт се очекува да биде завршен во април, со кој се предвидува укинувањето на пробните возачки дозволи и трајното одземање на возилата за најтешките прекршоци, објави „Вечерње новости“..
Законот предвидува воведувањето на паметни камери со вештачка интелигенција кои автоматски ќе ги снимаат прекршоците, ќе се воведат задолжителни сензори за „мртви агли“ и системи за автоматско сопирање.
Според новиот закон наместо пробна дозвола, младите возачи ќе добиваат стандардна возачка дозвола со посебна шифра која ќе означува ограничувања. Со тоа би се овозможило на младите возачи да возат во странство, што во моментов не е возможно, а, како што се наведува, од друга страна, може да се воведе и можност за следење на возачите по полагањето на испитот.
Исто така се воведува автоматско следење на сообраќајот, што би вклучувало воведување паметни камери со вештачка интелигенција, кои автоматски би можеле да препознаваат прекршоци, како што се вклучување на црвено светло, брзо возење и употреба на мобилен телефон, и автоматско испраќање казни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…