Во стрелиштето во Камник денеска се оддржа 16иот Меѓународен турнир Град При Скопје во стрелање
Во стрелиштето во Камник денеска се оддржа 16иот Меѓународен турнир Град При Скопје во стрелање на кој општина Гази Баба беше домаќин и покровител.
Турнирот е во организација на Македонската спортска стрелачка федерација. На отворањето на турнирот се обрати градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
-Утрово имав чест да го отворам Меѓународниот турнир Гранд При Скопје во стрелање на кој општина Гази Баба беше домаќин и покровител. Турнирот е во организација на Македонската спортска стелачка федерација и на истиот покрај учесници од Македонија се натпреваруваат учесници и од Србија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Косово и други држави. Овој турнир во себе содржи едукативен карактер со кој испраќаме силна порака дека оружјето треба да се користи за спортско рекреативни цели. Натпреварувачите се натпреваруваат во стрелање со пиштол, револвер, пушка, снајперска ловна пушка и снајперска тактичка полуавтоматска пушка. Оваа година општина Гази Баба е партнер во организација на голем број на спортски настани и активности во сите категории на спорт, напиша Стефковски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…