Во Теарце одбележани 22 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
Во тетовско Теарце беше одбележана 22 годишнината од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски, кој беше убиен на лице место при напад со ракетен фрлач врз полициската станица.
Овој настан во 2001-та година се смета за почеток на вооружениот конфликт. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а полесни повреди добија полицајците Борче Ѓуровски и Јахи Лика.
Денешното одбележување го организираше Одборот на бранители. Наша одговорност е да го живееме споменот на нашите јунаци, посочија од одборот.
„Момир Стојановски е првиот непребол меѓу сите останати паднати бранители во 2001 година. Ако се вратиме во историјата ќе се сетиме дека секогаш за татковината гинеле најхрабрите, а таков беше Момир, одличен професионалец и лојален кон татковината. И денес после 22 години сведочиме за несебичниот однос на бранителите кон повикот на татковината и одбраната од агресијата и тероризмот. Вечно ќе бидеме нивни должници“, рече Марин Најдов од Одборот на бранители.
Од Одборот посочија дека годинава помасовно ќе ги одбележуваат спомените за загинатите бранители.
„Ќе бидеме во контакт со нашето членство за да се избегнат постојните манипулации со нивните гласови од страна на политичките партии. Ќе создадеме платформа за преговори со политичките партии, а на изборите ќе ги подржиме сите оние кои ќе можат да ги исполнат нашите цели и барања. Од страна на одредени субјекти се манипулира со гласовите на бранителите. Се обидуваме да ги исклучиме деловите на политичките гарнитури кои сакаат да не разнебитат и раздвојат. Се вршат преговори со повеќе политички партии се стапува во контакт со нив и ќе видиме кој ќе излезе во пресрет на нашите барања, за да ги подржиме на изборите“, додаде Милевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Теарце одбележани 22 години од загинувањето…
Во тетовско Теарце беше одбележана 22 годишнината…
Целосно изгаснат едниот крак од пожарот над…
Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот…