Во тек е вонреден инспекциски надзор за Софијанова и Аљадин!

t

Во врска со објавените информации за работењето на екс директорите на Универзитетската клиника за детски болести, медицински директор проф. Аспазија Софијанова и в.д. организациониот директор Мемеди Аљадин, Универзитетската клиника за детски болести соопшти дека во тек е вонредна ревизија на досегашното работењето во различни домени меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа.

„По завршување на предметните ревизии и соодветните постапки Универзитетската клиника за детски болести во целост ќе ги побара неосновано исплатените средства утврдени од страна на надлежните институции“, велат оттаму.

Од УК додаваат дека доброволното враќање од страна на екс директорката на клиниката проф. Аспазија Софијанова на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства не ја ослободува истата од одговорноста пред законот и надлежните институции.

„Поради необезбедената согласност за организација на работа во дежурства за 2021 и 2022 година од страна на претходното раководство, сегашниот менаџмент не беше во можност да изврши исплата за месец 10-ти 2022 година на вработените. Исплата на дежурства за вработените за 10-ти месец ќе се изврши веднаш по добивање на потребната согласност. Исто така сакаме да посочиме дека платите на вработените не се намалени“, се додава во известувањето до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ