Во тешка здравствена состојба пренесен во болница еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче

t

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, во тешка здравствена состојба вчера бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Неговиот адвокат, Бојан Манев, за РСЕ вели дека со речиси откажан бубрег, Видевски вчера наутро во неконтактибилна бил префрлен на клиниката за нефрологија. Тој во минатото имал трансплантиран бубрег, а во затворската ќелија константно се жалел на болки.

Од Кривичниот суд во Скопје велат дека се известени за здравствената состојба на обвинетиот и чекаат дополнителни информации за текот на лекувањето.

Боре Видевски заедно со Велибор Манев, Влатко Кешишов, Љупчо Палевски-Палчо и Александар Ѓорчевски се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судскиот процес против нив започна пред десетина дена а сите обвинети се изјаснија за невини.

Следното рочиште е закажано за 7-ми октомври, а мајката, бабата и детото на Вања треба да се појават во судница како сведоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тешка здравствена состојба пренесен во болница…

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од…

Членките на НАТО да не се откажат…

Членките на НАТО не треба да се…

Германско државјанство нема да добијат оние кои…

Поединците кои објавиле слоган „Од реката до…

Путин нареди регрутирање на 133.000 луѓе за…

Рускиот претседател Владимир Путин нареди регрутирање на…

Силен земјотрес на Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…