Во Франција уапсено 18-годишно момче со чеченско потекло: Планирал напад на фудбалскиот стадион Сент Етјен за време на Олимписките игри!
Како што јави Ројтерс, во Сент Етјен е уапсен 18-годишен маж со чеченско потекло, кој планирал напад на фудбалскиот стадион Сент Етјен за време на Олимписките игри.Информацијата ја потврди министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, а обвинителот за антитероризам рече дека осомничениот е ставен под официјална истрага на 26 мај.
Властите не именуваа осомничен, но тој е обвинет за заговор со терористи и е во притвор.Во соопштението се вели дека планирал да го нападне стадионот Џефрој Гичард за време на олимписки фудбалски турнир и бил инспириран од идеологијата на Исламската држава.Тој, наводно, сакал да ги нападне гледачите и безбедносните сили и да умре како маченик.
Тој планирал да ги нападне навивачите надвор од стадионот, бидејќи контролите би биле престроги и ригорозни за да се влезе внатре во стадионот.Уапсен е и неговиот малолетен брат, но подоцна е пуштен на слобода.Олимписките игри се закажани од 26 јули до 11 август, но фудбалскиот турнир започнува два дена порано и се одржува во седум различни градови.Еден од нив е стадионот во Сент Етјен, кој има капацитет од 41.965 гледачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…