Во Хрватска годишно умираат 3.500 луѓе од загаден воздух

t

Во Хрватска годишно умираат околу 3.500 луѓе поради загадениот воздух, а градовите кои се најпогодени од ова се Загреб, Славонски Брод, Сисак и Кутина, вели Аљоша Дуплиќ, директор на Институтот за заштита на животната средина и природата.

Како што изјави во интервју за Хина, објавено денеска на порталот Индекс, континенталниот дел на Хрватска е под најголем притисок во текот на зимата, додека во лето проблемот е помал.

„Се проценува дека во Хрватска годишно над 3.500 луѓе умираат предвреме поради лошиот квалитет на воздухот, додека само во Европа, според проценките на Европската агенција за животна средина, умираат околу 300.000“, истакна Дуплиќ, пренесува Танјуг.

Според него, во Хрватска, во 2023 година, Загреб, Славонски Брод, Сисак и Кутина биле под најголем притисок од загадувањето на воздухот со суспендирани честички.

„Мораме да бидеме свесни дека имаме многу стар возен парк. Просечната старост на еден автомобил во Хрватска е помеѓу 13 и 14 години, а имаме и многу голем број на дизел возила. Бројот на возила во Загреб континуирано расте , а сообраќајот е еден од главните извори на загадување на воздухот Таму треба да се делува“, рече Дуплиќ.

Како што наведе, Министерството за заштита на животната средина и Фондот за заштита на животната средина годинава започнале програма за подобрување на квалитетот на воздухот вредна повеќе од 220 милиони евра.

Според планот, ќе се финансираат проекти за возила со нулта емисија за оние со голема километража, како такси услуги или возила за испорака, во износ од 90 милиони евра, од кои 45 милиони евра неповратни, а остатокот преку поволни заеми, пренесува весникот Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Хрватска ја враќа воената служба

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…