Во четврток пресуда за киднапирањето на Самоил, внукот на Љубе Бошковски

Во четврток ќе биде објавена пресудата за киднапирањето на Самоил Костадиновски,познат уште и како внук од сестра на политичарот Љубе Бошковски, откако денеска во Основниот кривичен суд Скопје се одржаа завршни зборови.
Обвинителот Дарко Петревски денеска од судот побара обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ да бидат прогласени за виновни. Обвинителството ги товари овие двајца дека го грабнале, односно помогнале да биде грабнат, за да го натераат да плати за дрога од 4 килограми. Самоил по 13 месеци откаско е киднапиран, не е пронајден, а неговите најблиски сметаат дека најверојатно е убиен за да му бидат земени парите.
Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на првообвинетиот Виктор Милановски, рече дека немало логика во доказите, а според адвокатот Драган Пешевски, бранител на второобвинетиот Челичиќ, обвинителството не докажало ништо против второобвинетиот и тој побара ослободителна пресуда.
– Самоил беше мој другар и пријател, се дружевме, бев кај него дома, никогаш не би помислил да направам нешто такво, а камо ли на некој што ми бил другар, пријател, како брат, рече обвинетиот Милановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…
Да помогнеме за лекување на 19-годишниот Виктор…
На 19-годишниот Виктор Боневски од Скопје му…
Апел за пomoш на социјалните мрежи: Се…
Се бара лицето Љубе Димитриевски. -Ве молам…