Во 21 век, на +40 степени во делови од Гази Баба нема вода – Граѓаните гневни: „Не сте нормални, ќе се бањаме и переме сред село“
Жители на Црешево и Смилковци бурно реагираат на речиси секојдневните рестрикции на водата во нивните населени места на тепмератури од над 40 степени.
Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ пред нешто повеќе од еден час објави дека и во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени две цистерни за техничка вода поради рестрикциите.
– Почитувани жители на Црешево и Смилковци.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени две цистерни за техничка вода за вашите населени места.
Црешево кај Чешмата
Смилковци кај Црква
Истите ќе бидат на локациите подолг временски период а ќе бидат надополнувани по потреба – стои во објавата на претпријатието.
Граѓаните бурно реагираат и во коментари велат дека е срамота во 21 век на пеколни температури луѓето да немаат вода за пиење и да не можат да се избањаат.




Претходно градоначалникот на Гази Баба најави дека ќе протестира поради немањето на вода, на што реагираа од Левица Гази Баба од каде нагласија дека Стефковски ќе протестира сам против своето неработење.
– Во изминатиот период се појавува огромен проблем со намален притисок и недостаток на вода во неколку делови на општина Гази Баба.
Граѓаните остро реагираат и бараат итно решавање на проблемот со водоснабдување, а градоначалникот Стефковски се закани со протести за неработењето на претпријатијата кои се во негова надлежност.
Очигледно Стефковски не ги знае своите ингеренции и заборава и на следниве факти:
Нула метри изградена мрежа за снабдување со вода во општина Гази Баба во последните четири години.
Ниту една изградена пумпена станица за вода во период од четири години.
Ниту еден резервоар за вода изграден во период од четири години.
Левица го потсетува Стефковски за неговите лукративности од издадените градежни дозволи за згради во Хиподром 2 и на потегот позади Ист Гејт Мол.
Левица го потсетува Стефковски за дозволите за надградба на згради во Автокоманда.
Сето ова допринесува за нестабилно водоснабдување во Гази Баба во период на екстремно високи температури.
Левица го прашува Стефковски дали знае пред да излезе на простест за да собере ситни политички поени дека ЈКП Гази Баба е надлежно за водоснабдувањето на Смилковци и Црешево?
Очигледно дека сè уште живее во опозициски сон и заборава дека четири години токму тој е одговорен за решавање на проблемите на граѓаните на општина Гази Баба и дека заедно со Данела ја промовираше програмата за модерно Скопје која преставуваше само една предизборна измама.
Бидејќи градоначалникот единствено се пронаоѓа како опозиционер, тоа задоволство народот ќе му го испорача на следните избори, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во 21 век, на +40 степени во…
Жители на Црешево и Смилковци бурно реагираат…
104-годишна бабичка скокнала со падобран
Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…
Кавадарчанец и давал хероин на малолетната сестра…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…
Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…
Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…