Во 5 држави низ Балканот снема струја- почна од Црна Гора, се прошири на БиХ, Далмација во Хрватска, Албанија, а стигна и до Грција
По невидениот колапс на електропреносниот систем на Балканот, покрај Црна Гора, Босна и Херцеговина и речиси цела Далмација, дури и делови од Албанија и Грција, немаат струја.
Во Македонија состојбата е стабилна и нема пријави за нефункционирање на мрежата и недостаток на струја.
Околу пладне речиси цела Црна Гора остана без струја. Падот на системот се пренесе и ја блокираше Босна и Херцеговина, а во Хрватска меѓу првите градови кои останаа без напојување на електрична енергија беше Дубровник.
Целото хрватско приморје до Ријека нема струја. Во Црна Гора по 40-минутен „blackout“, сситемот почна да приклучува домаќинства и згради на мрежата за да почне протокот на електрична енергија.
Три главни градови останаа без струја, а во Сараево настана сообраќаен метеж и невидена гужва поради исклучените сообраќајници. Слични проблеми имаше и во Сплит. Подгорица и Тирана исто така беа без напојување на електричнаенергија среде незабележаното жешко време за овој период на јуни.
-Причините за дефектот на системот не се познати, но се претпоставува дека причината е преоптоварување на меѓусебно поврзаните 400 kV далноводи во регионот, нивни прекини, а потоа и пренос на нарушувања во системот на БиХ, извести компанијата „Електропривреда БиХ“.
Струјата пополека се враќа, а деновиве поради жешкото време е зголемена потрошувачката бидејќи масовно се користат апаратите и системите за климатизација.
Сите расположливи екипи се на терен и пополека се враќа напонот на мрежата. Вакво избивање досега се нема случено, а енергетските системи на државите на Балканот се меѓусебно поврзани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…