Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест: Бараат повисоки плати
Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати.
Tие бараат усогласување на платите со растот на минималецот. Како што соопштија од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), ќе бараат и итно да се разреши целиот управен одбор на фондот и поставување на нови членови кои ќе дозволат усогласување на платите.
Вработените во фондот штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите. Тогаш, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, објасни дека одлуката да се задржат декемвриските плати не важи до крајот на годината како што бараа, туку до крајот на мај. Рече дека со ребаланс на буџетот и во државата и во Фондот за здравство ќе се донесе нова вредност на бодот, која ќе инсистираат да биде исто како што е сега, 77,16 денари вредност за еден бод. На 1 мај синдикатот ќе организира протест и од ССМ бараат минималецот да изнесува 450 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…
Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…