Вработените во ЈП “Градски паркинг” – Скопје добија нова зимска заштитна опрема
Вработените во ЈП “Градски паркинг” – Скопје добија нова заштитна зимска опрема, информираат од претпријатието.
– ВРАБОТЕНИТЕ НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ ДОБИЈА НОВА ЗИМСКА ЗАШТИТНА ОПРЕМА
Денес во просториите на катната гаража „26 Јули“, на сите вработени во јавните паркиралишта, како и пајак службата, им беше предадена новата зимска опрема за лична заштита.
На овој настан присуствуваше и директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, Крсте Петревски, кој во неформален разговор со вработените ги објасни позитивните и корисни придобивки од оваа опрема, а воедно и информираше дека за следната година се планира да се набави уште поусовршена и посоодветна опрема – во зависност од искуствата кои ќе произлезат од сегашната.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, продолжува да работи на усовршување на условите за вработените, а воедно се работи на планови за целосна промена во многу сегменти во градскиот паркинг, со што корисниците на услугите на претпријатието би добиле услови по терк на регионални примери како поуспешни претпријатија, напишаа од претпријатието на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВНИМАНИЕ: Од лажна паркинг карта со QR…
ЈП Паркинзи на Општина Центар издаде предупредување…
ЈП Градски паркинг од утре со летно…
Град Скопје ги информира граѓаните дека од…
Градски паркинг со санкции за 122 непрописно…
Во текот на изминатата недела (18.05 –…
Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…
В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…
Се скарале па довршиле со тупаници: Тепачка…
Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен…