Вработените на Урологија се откажале од пари што им следуваат, за да купат клими и машини за перење за Клиниката!
Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура. Целосно е реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300.000 евра. Од оваа сума, 100.000 евра се обезбедени од фондовската сметка, 100.000 преку донации, а останатите 100.000 евра од сопствени средства на Клиниката, соопшти Министерството за здравство.
„Просториите се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух. Климатизацијата на целиот простор создава значително похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен“, пишува во соопштението.
Сепак, на здравствените власти и покрај инвестицијата од 300.000 евра, им недостасувале 8.000 евра за 18 клими и две машини за перење. Тука во пресрет излегле вработените, кои се откажале од надоместок кој им следува – субвенциите за службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари (околу 8.000 евра). Со овие пари Клиниката ги купила двете машини за перење алишта и 18-те клима-уреди за болничките соби. Овој чин, според раководството на Урологија, е „суштинска посветеност на доброто на пациентите“.
– За нас, овој проект не е само реновирање на болнички ѕидови – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Посветени сме да создадеме Клиника која нуди достоинствен престој, современо лекување и човечка грижа. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени, со заедничка посветеност. За помалку од една година, Клиниката за урологија стана пример, како со тимска работа и со вистински вредности, може да се создаде модерен и ефикасен здравствен систем, достапен тука, дома – изјави директорот на Урологија, д-р Башким Шабани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработените на Урологија се откажале од пари…
Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше…
Седум општини ќе добијат пари од Швајцарија…
7,5 милиони швајцарски франци ќе бидат распределени…
Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања…
Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во…
Само Данска ја спровела директивата навреме, ЕУ…
Речиси сите членки на Европската унија, вклучително…
Само половина од над 18 илјади домаќинства…
Граѓани кои аплицираа уште пред девет месеци…