Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци – Градско и бараат владата и сопственикот да ја спасат компанијата
Веќе 6 месеци трае преписката на синдикатот на компанијата со владините институции и сопственикот на комбинатот, но нема епилог од сето тоа.
Вработените од Еуроникел од денес од 12.30 до 14.30 почнуваат со секојдневна блокада на патот Кавадарци – Градско во обид да ги спасат работните места.
Работниците браат фабриката да продолжи со работа било со сегашниот или со нов сопственик.
Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикатот, изјави дека на ваков чекор се одлучиле поради лошата состојба во која се наоѓаат околу 800 работници.
– Сакаме Владата и банката доверител да го слушнат нашиот глас. Владата да ни го поврати ДДВ за август месец, за да можеме да земеме плата и да бидеме здравствено осигурани – рече тој.
Веќе 6 месеци трае преписката на синдикатот на компанијата со владините институции и сопственикот на комбинатот, но нема епилог од сето тоа.
Од компанијата неодамна соопштија дека имаат проблем со снабдувачот со руда, а проблемот со набвката на струја за единствената печка која е во топло одржување го решаваат тековно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…
Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…
(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…
Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…
Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци…
Веќе 6 месеци трае преписката на синдикатот…
(Фото) Протест на судската и јавнообвинителска служба,…
Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот…
Жители на Финска протестираат поради затворањето на…
Граѓаните на Лапеенранта во Финска рекоа дека…