Вработени во МВР го оштетиле Буџетот за над 860 илјади денари
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Б.Ф., Ѓ.И., и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје, несовесно постапиле при вршење на своите овластувања и должности.
Тие во временскиот период од 01.01.2022 до 31.12.2023 година примиле записници за констатирани сообраќајни прекршоци и прекршочни платни налози сторени од граѓани на подрачјето на град Скопје и за истите не постапиле во законски предвидениот рок од две години, согласно член 41 од Закон за прекршоци.
За 143 предмети не изготвиле барања за поведување на прекршочна постапка, а додека за 30 предмети биле изготвени барања за поведување на прекршочна постапка, но истите не биле проследени до надлежните институции во законски предвидениот рок, со што овозможиле да настапи застареност на поведување и водење на прекршочната постапка.
Со наведените дејствија сториле претпоставена материјална штета на Буџетот на МВР од 865.425 до 1.987.215 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработени во МВР го оштетиле Буџетот за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
МВР му поднесе кривична пријава на полицаецот…
Кривична пријава за полициски службеник кој нападна…
МВР набавува 120 нови возила за речиси…
Министерството за внатрешни работи набавува нови 120…
МВР ја потврди смртта на притвореникот во…
Министерството за внатрешни работи потврди дека во…
(Видео) За ова плаќаме? Тошковски и тимот…
Министерот за внатрешни работи заедно со членови…