Вратен закон на Левица поради употреба на Република Македонија – Гаши со ДПМНЕ по стапките на Талат Џафери

t

Произволното толкување на собранискиот Деловник на “велемајсторот за скандали”, спикерот Африм Гаши кулминираше минатата недела, кога предлог-закон на пратеничката група на Левица беше вратен поради употреба на името „Република Македонија”! Јасно е дека без заштита и одобрение од колабораторите од ДПМНЕ, спикерот Гаши нема политичка моќ да ја забранува употребата на Република Македонија.

Се работи за предлог-закон за изменување на Законот за работни односи, поднесен од пратеничката група на Левица, во кој за спикерот Гаши е недозволиво да стои „Деловник на Република Македонија”. Лицемерието на партијата на Мицкоски, која има апсолутно мнозинство во Собранието, повторно се докажува во однос на националниот идентитет, бидејќи токму тие со 64 пратеници ја бетонираа Северна во над 60 закони.

Понижувањето на достоинството на македонскиот народ, кое започна со Тиранската платформа на СДС и ДУИ, продолжува со Косовската платформа на ДПМНЕ и ВРЕДИ. Токму во опозиција, пратениците од ДПМНЕ жестоко реагираа против тогашниот спикер Талат Џафери, кој одбиваше да процесира предлог-закони со употреба на Република Македонија. Токму оние кои во опозиција обвинуваа дека „преименувањето на македонски во национални шуми е еднакво на национално предавство”, уште во првите месеци на власт со законски измени ги избришаа “македонски шуми” од Законот за шуми.

Ваквата дрска забрана за употреба на Република Македонија е продолжување на анти-македонските политики на Талат Џафери, кој за ДПМНЕ во минатото беше докажан автократ. Сега, кога токму нивниот спикер ја забранува употребата на Република Македонија, ДПМНЕ молчи и ја бетонира неправдата со нелегитимно наметнатото име на државата. Партијата на Мицкоски, и со апсолутна и референдумска поддршка, повторно се докажа дека е послушен колаборатор на предавничките политики на СДС – и ниту едно национално понижување на македонскиот народ не може да е реалност без активно учество на ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вратен закон на Левица поради употреба на…

Произволното толкување на собранискиот Деловник на “велемајсторот…

Српските студенти со повик до граѓаните за…

Студентите на Факултетот за драмски уметности ги…

Гореше една од галиите на Вардар

Пожар вечерва извибна во галијата на реката…

Министерот Мисајловски не се согласува дека изборот…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, во емисијата…

Кажете и на Марта Кос дека во…

За заканите врз мене како жена и…