Враќањето на оградата во Влада беше неопходно, во „Европскиот фронт“ се изморени – Меџити не очекува протести
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека заминувањето на две делегации од земјава на Самитот на НАТО во Вашингтон предводени од претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски е поради тоа што двјацата имаат свои агенди на настанот.
На ДУИ се’ им смета, веќе не можат да се прилагодат на нова реалност дека се опозиција. Јас ги повикувам да бидат конструктивна опозиција и да се посветат прво на реформа внатре кај нив ако сакаат во иднина да бидат сериозен чинител во политичкото поднебје во Македонија. А тоа што отишле премиерот и претседателот на Собранието, двајцата се клучни политички фигури, пред се, ја претставуваат Македонија за одбележување на НАТО, сигурно не очекува некој да се фатат за рака и да одат таму. Значи, и двајцата имаат свои агенди, заедно се таму, мислам дека вечерва ќе имаат и заеднички настан и заедничка вечера таму. Според агендата некој тргнал порано, некој покасно бидејќи имале активности и тука – вели Меџити на новинарско прашање за реакциите во државава зошто две различни делегации отпатувале во Вашингтон, и зошто немало претставници во нив од Коалицијата Вреди за што беа прозвани од ДУИ.
Меџити изјавата ја даде по средбата што заедно со министерот за социјална политика Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали ја имаа со претставници на Здружението на пензионери на Чаир.
Запрашан за тоа дали се можни протести кои би ги организирал „Европскиот фронт“ тој одговори дека тие се уморни и не очекува протести од нив.
Меџити го прокоментирал и враќањето на железната ограда околу владината зграда. Според него, тоа било неопходно, бидејќи без неа полициските службеници биле оптоварени со дополнителна работа.
„Тоа е техничко прашање, односно не вреди да се зборува толку за тоа. Оградата е таму, наместо полициските сили постојано да ја чуваат кога би имало протести“, истакнал меѓу другото Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…