Врвна грижа за најмалите пациенти:„Аџибадем Систина“ отвора педијатриски ковид-центар
Петтиот бран на пандемијата со Ковид-19 предизвикан од омикрон-сојот, кој се карактеризира со голема инфективност и многу лесна преносливост, доведе до зголемување на бројот на позитивни и болни деца и адолесценти. За таа цел Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од утре, петок, 28 јануари, отвора комплетно нов педијатриски ковид-центар.
Новиот ковид-центар за деца има посебен влез и е целосно изолиран и одделен од другите оддели на болницата со цел да се обезбеди максимална заштита за најмалите пациенти.
На овој оддел ќе се третираат деца на возраст до 16 години, а располага со педијатриска ковид-амбуланта, дневна болница и дел наменет за хоспитализација, каде што децата може да бидат хоспитализирани заедно со придружба.
Во дневната болница кај децата ќе се изведуваат потребните дијагностички постапки, ќе се дава соодветна терапија, ќе се мониторираат и следат сè до стабилизација на нивната здравствена состојба или ќе се преземат мерки за нивна хоспитализација.
„Со петтиот бран на пандeмијата со ковид предизвикан од омикрон-сојот се наметна потребата од обезбедување здравствена грижа на децата кои се ковид- позитивни во нашата установа, со посебно издвоен простор надвор од останатиот дел на болничките капацитети.
Педијатрискиот ковид-центар ќе има можност за амбулантски прегледи, правење на сите потребни иследувања и по потреба третман во дневна болница. За потешките случаи, пак, ќе има можност и за хоспитализација во дел од нашиот ковид- центар, во изолирани болнички соби, во кои детето ќе може да престојува заедно со родител/придружба.
Грижата и третманот на децата со ковид ќе биде спроведуван од страна на искусни педијатри пулмолози, инфектолози, анестезиолози и професионалци од други специјалности кои се на располагање на нашата болница“ – изјави прим.д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за педијатрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…
Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…
Тепачка кај нотар во Центар за наследство
Две лица се степале во нотарска канцеларија…
„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…
Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…
Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…
Машко лице пронајдено починато во Центар
На 01.06.2024 во 19:35 часот во СВР…