„Вреди“: Ги зголемуваме платите во здравството, услугите се сѐ подобри

t

„Коалицијата „Вреди“ како надеж за нови можности придава големо значење на сите области кои ги засегаат нашите граѓани. А особено здравствената заштита. Животот без здравствени проблеми доаѓа само преку зголемена здравствена заштита. И тоа не може да се постигне ако нашите алфа и бета лекари се оставени во заборав, а нивната грижа се занемари. Оваа заостаната практика заврши со крајот на претходната власт“, соопштија денеска од владејачката коалиција.

„Ние како нова влада, потпишавме колективен договор со синдикатите на лекарите и здравствените работници, кои ќе имаат линеарно зголемување на платите. Само во месец ноември лани платата на медицинските сестри се зголемила за 18 отсто заедно со техничките работници. Тие сега добиваат 2.500 денари повеќе.

Фармацевтите, физиотерапевтите и лекарите од итната помош ќе имаат плати еднакви на оние на општите лекари и стоматолозите. Платите во здравството се очекува да пораснат за пет до осум отсто во текот на месец мај.

Со зголемените плати за лекарите и здравствените работници, ги мотивираме уште еднаш да се посветат на енергична услуга и добри резултати на нашите граѓани.

Имајќи ги предвид предизвиците за работа во итната медицинска помош, каде што интересот на лекарите е помал, стимулацијата за нив се обезбедува преку повисок коефициент за сложеност на услугите. Исто така, зголемување на коефициентите се предвидува и за здравствените работници на Клиниката за онкологија и радиотерапија, поради специфичноста и тежината на нивната работа.

Се залагаме за подобрување на мизерната состојба во здравството во државата, бидејќи само така мислиме дека сме на услуга на граѓаните и им остануваме блиску.

Веруваме и работиме на тоа дека здрав живот е возможен само преку квалитетни здравствени услуги“, соопшти коалицијата Вреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Членовите од Алијанса се копираа…

Членовите од Алијанса „се копираа“ во ВЛЕН,…

Ексминистерот од Алијанса, Азир Алиу, објави дека…

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација…

Касами тврди дека ресорот здравство останува кај…

Еден од лидерите на ВЛЕН и градоначалник…

Касами за 360- Може ке направиме трампа,…

Биљал Касами, еден од лидерите на ВЛЕН,…