Времен сообраќаен режим во тунелот на патот Блаце-Скопје од понеделник
АМСМ денеска информира дека од понеделник (11 септември) ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шлепер се преврте утрово на патот Скопје…
Шлепер се превртел утрово на патот Скопје…
Во Индија се урна тунел, заробени се…
Најмалку 40 работници се заробени денеска во…
Времен сообраќаен режим во тунелот на патот…
АМСМ денеска информира дека од понеделник (11…
Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје…
Вицепремиерот и министер за политички систем и…
Определен притвор за едно лице учесник во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…