Времето денес променливо облачно со повремени сончеви периоди
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југозападен правец и со повремени сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 24 степени.
– И во петок времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, особено во северозападните делови. Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време, известува УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…