Времетраењето на договорите за вработување на определено работно време се скратуваат на две години
Со новиот закон за работни односи се ограничува времетраењето на определено време од сегашните пет на две години со тоа што ист работник, кај ист работодавач нема да може повеќе од три пати да склучува анекс, изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во нејзиното гостување на „Топ тема“ на Телма.
Таа објасни дека со новиот закон по истекот на двете години договорот ќе мора да биде трансформиран од определено на неопределено време.
„Синдикатите бараа времетраењето да биде една година, додека работодавачите бараа или да остане пет или три години, но се постигна компромис за две години“, рече Тренчевска.
Министерката наведе дека новиот закон за работни односи ги унапредува работничките права и рече дека сите одредби од законот се носени по опсежни дебати и договарање помеѓу сите засегнати страни, вклучително и синдикатите и работодавачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Путин: Односите помеѓу Русија и Обединтеи Арапски…
Претседателот на Русија ја опиша блискоисточната земја…
Орбан со закон ќе ги контролира странските…
Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…
Стопанската комора најави дека ќе го оспори…
Носењето на Законот за данок на солидарност…
Левица бара дуплирање на роковите за застареност:…
Во својот говор пратеникот Димитар Апасиев за…