Време е за оставки и рестарт во опозицијата

t

Секогаш кога сте ги разочарале симпатизерите и народот, да знаете дека сте ја предале каузата. Сте ја предале борбата.

И никогаш повеќе нема да бидете гледани со истите очи како што сте биле гледани до тој момент. Затоа што довербата кога еднаш ќе ја изгубиш, таа повеќе никогаш нема да се врати. И да се врати, над неа секогаш ќе виси облакот полн со сомнежи.

Премногу грешки, премногу кавги, расколи, бизнис интереси, внатрепартиски хајки против неистомисленици и хајки против секој кој е малку погласен и се спротивставил. Премногу муабети за шлепери, багери, тендери, мито, корупција и кој на кого му нарачал статија во некој портал за да го елиминира внатре во партијата како конкуренција.
Премногу пиар по социјални мрежи а премалку комуникација на терен и контакт со народ. Ова најмногу ви ги замагли очите. Премногу се фокусиравте на лајкови и кој шо напишал, додека во реалноста не сте ги погледнале во очи тие што ве гласаа. Шминка, шминка и само шминка. Тоа е пиар. Пудра и руж, за да се покријат брчките и гребаниците.

Ни обединивте ни па ќе обедините. Не обединивте зашто немате капацитет а и не обединивте зашо егото ви е преголемо да седнете на маса и да изгланцате разлики во интерес на Македонија.

Нема позитивна енергија, нема елан, нема ни хемија. Се е сведено на пластична борба за гола власт. Освен верглање на зборот избори, нишо не покажавте. Ни потенцијал ни капацитети. Освен седенките со странците на кои им покажувате дека и вие можете да се љубите со нив како СДС, друго и не покажавте.

Патриотизам НУЛА. А ќе речеш ВМРО.
Смрди, време е нештатата да се сменат. Зашо партија каде сите климаат со глава а никој не дебатира и не е баш партија. Туку приватно гранапче на некој си диктатор каде што само неговиот глас се слуша. А другите ќе бекнат само кога ќе им напишат што да кажат на прес, трибина или собраниска говорница.

Се на се, премногу аномалии за некој кој се стреми да ја вади земјава од кал и некој кој сака да се претстави како народна опција. Опција која мандатот и помина климајќи со глава кај странците и аминувајќи го секое раскрчмување на земјава, никогаш нема да е народна. Па макар и вени сечеле за го докажат тоа.
Има една година и малку повеќе, до следните избори.

А тоа е идеално време за оставки и рестарт, зашо во спротивно вие ќе сте едно обично помало зло во очите на народот кога ќе треба да се гласа.

А такваа килава опција Македонците не заслужуваат. Не после се ова што им се случи. На Македонија и народот им се потребни позитивна ветришта и позитивна енергија, а тоа засега никој не го нуди.
И колку и да не се сложувате со ова што го напишав, потсвесно си знаете дека е така.

Време е за рестарт!

Вечна

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…

„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…

Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…

„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…

Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…