Објавено на:

Врие во Баерн: Милер удри по соиграч поради пенал, Кимих ги пцуел сите по ред!

t

Екипата на Баерн Минхен синоќа сензационално беше елиминирана од Купот на Германија, откако на домашен терен загуби од Фрајбург (1-2) со гол од пенал, кој го направи тинејџерот Џамал Мусиала во судиското надополнување.

Токму ова беше причина што капитенот Томас Милер по средбата жестоко го нападна 110 милиони евра вредниот фудбалер од средбиот ред.

„Празни сме по ваква елиминација, нема оправдување да се испадне со гол од далечина и од пенал пред самиот крај. Дали Мусиала е виновен за пеналот? Да и тоа многу, бидејќи не смее да оди така на топката со рака, особено не во шеснаесетникот“, изјави Милер.

Најлут по мечот беше заменик-капитенот, Џошуа Кимих.

„Брутално по*издев што на ваков начин останавме без можност за триумф во Купот. Елиминирани сме, а ниту во сон не помислував дека вакво нешто може да не снајде. Фрајбург немаше ниту една шанса, само еден шут од далеку и пенал, а не победи. Изгубивме по водство, што премногу пати ни се случува сезонава. Овој тим на Баерн покажува премалку страсти и емоции“, изјави Кимих.

Германските медиуми откриваат дека тимот на Баерн Минхен се заклучил во соблекувалната по средбата, во која дошол и Оливер Кан од управата, додека надвор се слушало како Кимих урла по сите и пцуе на сите страни.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…