Врие кај студентите: Нови лаги, нема стипендии – во понеделник на протест пред МОН!

t

Како последица од ниту една единствена исплатена рата од студентските стипендии за учебната 2023/2024 година од страна на Министерството за образование и наука, најавуваме ПРОТЕСТ пред МОН во понеделник од 12:00 часот, велат од студентската организација Студентска револуција.

И покрај лажните ветувања и скапиот ПР на министерот Јетон Шакири ниту едно ветување не е остварено. Студентот е доведен до мизерна положба во општеството и она што го следува со право на закон кадарот на ДУИ директно им ги крати истите права.

И покрај предупредувачките соопштенија за протест, МОН нема слух па како резултат на тоа време е секој студент да излезе на улица и да ги побара своите права!

Се гледаме во понеделник (05.02.2024) пред МОН!, велат од Студентска револуција.

Бидејќи нели младите се богатството на нашата Македонија и често се апелира да останат во својата држава и вредно да работат на надградување на своето образование, тогаш ред е да си го добијат заслуженото, без лаги и префрлање на топката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…

Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…

Овој дел од лубеницата е корисен за…

Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…

(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…

Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…

Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…

iPhone 17 Air ќе има батерија од…

Веќе подолго време се знае дека iPhone…