ВРИЕ од корупција во јавните набавки на Министерствата: Во црвена зона за корупција се 4 министерства и 43 општини!

t

Ниту едно министерство не ги спроведува јавните набавки со високо ниво на заштита од корупција. Владата, нејзините секретаријати и министерствата имаат едвај средно ниво на антикорупциските перформанси во јавните набавки и просечно исполнуваат само 57% од можните 100%, констатира Центарот за граѓански комуникации во последното истражување по кое е направено рангирање на институциите според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки.

Со рангирањето институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени за начинот на којшто ги спроведуваат јавните набавки. 100 % значи максимална, а 0% никаква заштита од корупција.

Според ова рангирање, 4 министерства и 43 општини се наоѓаат во црвената зона, односно нивните јавни набавки се спроведуваат со ниско ниво на заштита од корупцијата бидејќи имаат освено помалку од 50%.

Најголема изложеност на корупција имаат Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Антикорупциските перформанси во јавните набавки кај Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи, се исполнети 39% од можните 100%, кај Министерството за животна средина и просторно планирање, со 44% и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со 48%.

Овие 4 министерства реализираат 57% од тендерите кои ги реализираат владините институции. Тие во една година (2022) имаат склучено 363 договори за јавни набавки во вредност од 93 милиони евра, наспроти другите министерствата и секретаријатите кои имаат средно ниво на остварување на антикорупциските перформанси кои склучиле 1.018 договори за јавни набавки и потрошиле 71 милион евра.

Најдобри перформанси кај министерствата имаат Министерството за одбрана и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со ниво на остварување на антикорупциските перформанси од 72%.

Министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација, за политички систем и односи меѓу заедниците, за труд и социјална политика и за внатрешни работи, како и Службата за општи и заеднички работи, имаат најлоши перформанси во однос на уделот на тендерите во коишто е добиена по една понуда, и од аспект на бројот на такви тендери и од аспект на нивниот вредносен удел.

Просечниот број понуди по тендер на Владата и министерствата е помал од националниот просек. Најнизок број понуди имало Министерството за финансии, и тоа само 1,89 понудувачи по тендер, а највисок Министерството за култура, со 4,13 понуди по тендер.

Во 8 министерства е воочена висока концентрација на една фирма во вкупната вредност на јавните набавки, која е над 30%.

Само две министерства немаат висок удел на тендерски постапки кои се поништени, и тоа министерствата за економија и за култура. Највисок удел на поништените постапки во вкупно спроведените постапки имаат МВР и Министерството за одбрана.

Висока примена на нетранспарентната постапка за склучување договори, т.н. преговарање без претходно објавување оглас, имаат Министерство за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација.

Кај општините, најниско ниво на остварување на антикорупциските перформанси во јавните набавки е утврденo кај Кратово и Гостивар. Во црвената зона е и Градот Скопје, како и 40 други општини.

Најдобри антикорупциски перформанси во јавните набавки има Општина Кавадарци, со 70%, како и Велес и Пробиштип, со 66%.

Општина Битола е рекордер со 50 % поништени постапки. Негативни оценки во однос на овој индикатор имаат вкупно 22 општини.

Просечниот број на понуди по тендер на општините изнесува 3.22 понудувачи по тендер и е поголем од националниот просек, што изнесува 3.01. Најмал број понуди е воочен во помалите општини.

Општините Центар Жупа, Врапчиште и Долнени имаат најлоши перформанси во однос на уделот на тендерите во коишто е добиена по една понуда. Од поголемите општини, со лоши перформанси во однос на овие индикатори се Прилеп, Битола, Струга, Кавадарци…

Концентрацијата на една фирма во јавните набавки со удел над 30 %, покрај кај помалите општини (Арачиново, Шуто Оризари и Врапчиште), е воочена и кај поголемите, како што се Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево и Кисела Вода.

– Ниското ниво не мора по секоја цена да значи корупција во јавните набавки на таа институција, туку дека не се преземаат сите можни мерки кои треба да ја спречат, и оттука можноста таа да се случи во овие институции е повисока – велат од Центарот за граѓански комуникации.

Прашањето на корупцијата во јавните набавки е значајно бидејќи нивната вредност учествува со 24% во Буџетот на државата и со 8% во домашниот бруто производ (БДП).

На јавни набавки годишно се трошат повеќе од 1 милијарда евра.

Од Центарот за граѓански информации велат дека токму оваа сума е извор на корупција, а за нејзино намалување се потребни дополнителни напори, како на системско, така и на институционално ниво.

– На системско ниво потребно е јакнење на антикорупциските напори на сите надлежни институции и органи за откривање и санкционирање на корупцијата, и тоа почнувајќи од Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки, преку Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот завод за ревизија, до Државната комисија за спречување на корупцијата и до правосудството. На институционално ниво, пак, потребно е на мерлив и одржлив начин да се проценува способноста на самите институции да ја спречуваат корупцијата при спроведувањето на јавните набавки. Институциите ја имаат примарната одговорност за законито спроведување на тендерите и за ефективно и ефикасно трошење на јавните пари преку постапките за јавни набавки – велат од Центарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…