Врховниот судија Наќе Георгиев признал вина

t

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција добило предлог за спогодба потпишана од врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше фатен со мито од 10 000 евра, со која се согласува на ефективен затвор.

Висината на затворската казна ќе ја утврдува Судот кој најпрво ќе ја цени постигната спогодба, па потоа ќе носи пресуда за должината на времето кое во затвор ќе треба да го мине поранешниот врховен судија.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.

-Истражната постапка против две лица беше започната на 20 мај годинава кога врховен судија беше фатен in flagranti во извршување на кривичното дело (https://jorm.gov.mk/istraga-protiv-dve-licza-za-primane-nagradata-za-protivzakonito-vlijanie/). Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г. се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена, соопштија вчера од Обвинителството.

Предлог – спогодбата, како што појаснуваат од Обвинителството, како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи Судот треба само да ја изрече санкцијата. Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога Обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда.

Вчера и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија, дејност или должност на службено лице во период од три години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, информираа од Основно јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Мемети претходно, како што соопштија од ЈОРСМ, поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РСМ.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши: Не се сеќавам дека во програмата…

Собранискиот спикер Африм Гаши вели дека процедурата…

Адеми: Одлуката на Уставен суд од 9…

Издвоеното мислење на двајца судии на Уставниот…

Падна договор – Ван Дајк ќе комплетира…

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Вирџил…

Кривична за битолчанка, со туѓи податоци зела…

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ц.С.(48)…

Вооружена кражба во Карпош, на мета спортска…

Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје…