Врховниот суд на Велика Британија ќе одлучува дали Шкотска може да распише референдум за независност
Врховниот суд на Велика Британија денеска соопшти дека во октомври ќе разгледува дали Шкотска може да распише референдум за независност без одобрение на британската Влада.
Шкотската премиерка Никола Стурџон претходно најави дека Шкотска планира на 19 октомври наредната година да спроведе референдумско изјаснување на граѓаните.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека британската влада нема да го дозволи тоа, посочувајќи дека Шкотите на Референдумот во 2014 година веќе се изјасниле против напуштањето на Обединето Кралство. Референдумско изјаснување без согласност на Владата во Лондон не е правно обврзувачко.
Шкотската Влада побара од Врховниот суд на Обединетото Кралство да пресуди дали Шкотска може да спроведе референдум без согласност на британската Влада.
Судот најави дека аргументите на двете страни ќе ги разгледува на 11 и 12 октомври.
Стурџон и нејзината Шкотска национална партија веруваат дека излегувањето на Британија од ЕУ и пандемијата на коронавирусот предизвикале политички и економски пресврт, и оти е време повторно да се разгледа прашањето за можна независност.
На Референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ во 2016 година Шкотланѓаните гласаа децидно против.
Шкотска, како и Велс и Северна Ирска, има сопствен Парламент и Влада и донесува одлуки по прашања од областите на јавното здравје, образованието и други сфери. За пошироки прашања како одбраната и фискалните политики што ја засегаат Велика Британија во целина, одлуките ги носи Владата во Лондон.
Партијата на шкотската премиерка го предводи мнозинството во шкотскиот Парламент, заедно со шкотските зелени кои се залагаат за независност на земјата. Таа партија смета дека Парламентот има „недвојбен демократски мандат“ да спроведе нов референдум.
Дури и да се одржи референдумот, за независност не е доволно мнозинството Шкотланѓани да гласаат „за“. Стурџон претходно изјави дека за прогласување независност е потребно тоа да биде потврдано со закон и во британскиот и во шкотскиот парламент.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија е можно да има референдум…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…
ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!
Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…
Британија размислува за испраќање војници во Украина?
Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…
Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…
Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…
Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…
Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…