Втора воена вежба во неколку дена на иранската армија за проверка на борбената способност на противвоздушната одбрана

Иран организираше втора голема вежба во последните денови за тестирање на борбената способност на своите единици за противвоздушна одбрана, јави ДПА.
Во југозападниот дел на Исламската република армијата вежбаше откривање, следење и уништување цели, наведува агенцијата Тасним.
За време на маневрите беа користени и радарски системи од сопствено производство.
Во текот на изминатите неколку месеци, воените тензии меѓу Иран и неговиот главен непријател Израел ја зголемија загриженоста во Исламската Република дека може да избие војна.
Израелската влада постојано се закануваше дека ќе ги бомбардира иранските нуклеарни локации поради стравувањата дека Техеран може да се обиде да набави нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на САД Ирак го запира…
Ирак денеска ќе го запре увозот на…
Иран ги одби САД: Техеран нема да…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите…
Русија е подготвена да посредува меѓу САД…
Москва смета дека Вашингтон и Техеран треба…
САД воведоа санкции против шест субјекти од…
Соединетите Американски Држави воведоа санкции против шест…