Вулин го оправдува орденот од Путин: „Ако ја нема Русија ќе ја нема ни Србија“

t

Александар Вулин, неодамнешниот директор на БИА, во гостувањето во утринската програма на телевизија Хепи истакна дека во светот владее антируска хистерија според која се што не е од Запад е малигно и дека Србија не може опстанат како слободна земја освен ако Русија и Кина не опстанат како слободни и независни земји.

„Во моментов имате антируска хистерија според која се што не доаѓа од Запад е лага и злонамерно влијание. Прашав многу шефови на светските безбедносни служби кои се малигните влијанија на Русија, но никогаш не добив одговор. Да бидеме историски фер. Јас не сум руски адвокат, ниту Русите го очекуваат тоа од мене, како што западот знае дека не сум руски агент, така и Русите знаат дека јас не сум нивен агент, но знаат дека сум Србин и тие знај дека сум човек исклучиво од Белград и Бања Лука. Низ историјата, да не опстане Русија, дали Србија ќе опстане? И ако Русија не преживее сега, дали Србија ќе преживее? Ако Русија би била скршена и распарчена, како би ни било кога станува збор за Косово и Метохија, како би ни било кога станува збор за интегритетот на нашата територија надвор од Косово и Метохија? Дали некој навистина мисли дека Србија ќе опстане таква каква што е, дали некој мисли дека Србија би останала слободна доколку Русија и Кина не останат слободни. Ако Русија не опстане, Србија нема да преживее“, изјави неодамнешниот директор на БИА, Александар Вулин, гостувајќи на телевизија Хепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…