Објавено на:

Вулин даде заклетва како сенатор во Република Српска

t

Денеска на Денот на Република Српска во Бања Лука се одржа шестата седница на Сенатот на РС, на која заклетва дадоа новоименуваните сенатори Александар Вулин и Антон Касиповиќ, соопшти Кабинетот на претседателот на Република Српска.


Како што се наведува, тоа беше последната седница во тој седумгодишен мандат, со која претседаваше претседателот на РС, Милорад Додик, кој по тој повод најави дека во наредниот период ќе именува нови членови на Сенатот.
Додик им се заблагодари на осумнаесетте сенатори, кои според Законот за Сенатот не можат да бидат повторно именувани, за нивната долгогодишна соработка, посочувајќи дека нивната работа дава одговори на прашања од особено значење за политичкиот, националниот, економскиот и културниот развој на РС.


Сенаторите на РС му дадоа силна поддршка на раководството на РС во нивната работа за одбрана на уставната позиција на Српска и нивните напори за зачувување на мирот и стабилноста.
На седницата присуствуваа српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседавачот на Советот на народите на Република Српска Сребренка Голиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот Сенат предложи Резолуција за поддршка на…

- Претседателот и државниот секретар да продолжат…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Вулин даде заклетва како сенатор во Република…

Денеска на Денот на Република Српска во…

Вулин се сретнал со Шојгу: Рускиот министер…

Доскорешниот директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија,…

Пропадна нацрт-законот за контрола на границата на…

Преговорите во Сенатот за имиграцијата пропаднаа, заканувајќи…