Вулин: Дора Бакојани покажа дека Грција стана голема земја способна за големи подлости
Основачот на српското Социјалистичко движење, Александар Вулин , се огласи по повод промената на ставот на Грција во однос на членството на Косово во Советот на Европа, пренесува „Политика“.
„Кога Австро-Унгарија побара од воениот премиер на Грција да им го ускрати гостопримството на остатоците од српската војска и држава, Венизелос одговори дека Грција е ‘премала земја за толку голема подлост’. Со препораката зa Косово за членство во Советот на Европа, Дора Бакојани покажа дека Грција стана голема земја способна за големи подлости. Радувај се, турски свете, територијата наречена Косово оди меѓу државите по препорака на Грција, нека се подготви Северен Кипар“, истакна Вулин.
Тој остро ја осуди главната известувачка за приемот на Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани за прифаќањето на Косово во Советот на Европа односно промената на ставот на Грција и давање позитивно мислење за членството на Косово во таа организација.
Поддршката и препораката на Бакојани за членство на Косово во СЕ наиде на жестока осуда кај целиот политички врв во Србија. Претходно, српскиот пртседател Александар Вучиќ изјави дека Бакојани треба да се срами затоа што се откажала од своите принципи и три дена пред седницата на Комисијата за политички и демократски прашања на ПССЕ препорачала членство на Косово.
„Срамота. Се сети дека не е важна ЗСО, ни експропријацијата, ни ништо, ни Дечанскиот манастир, ниту тоа што на Србите им е ускратено правото да го користат српскиот јазик, дека се изложени на британска непропорционална сила. Некои луѓе имаат кичма на меѓународната сцена, а некои немаат“, рече Вучиќ .
Шефот на српската дипломатија и прв вицепремиер Ивица Дачиќ, пак, истакна дека изјавата на Бакојани дека заштитата на српското малцинство на Косово ќе биде подобро ако Косово стане членка на Советот на Европа, е скандалозна, врв на лицемерието и, како што рече, „голо оправдувањеза промена на одлуката“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…