Вулин очекува руската безбедносна служба ФСБ да испита дали бил употребен звучен топ на протестите во Белград

Вицепремиерот на Србија Александар Вулин изјави дека очекува руската безбедносна служба ФСБ наскоро да испрати своја делегација од експерти и дека ќе излезат со јасен став дали на студентскиот протест на 15 мај во Белград било употребено звучно оружје, јавуваат српските медиуми, пренесува ЦивилМедиа.
„Не знам дека некоја влада некогаш била толку транспарентна за да каже: дојдете и проверете. Сигурен сум дека ФСБ ќе го истражи тоа во најкус можен рок“, рече Вулин.
Вулин изјави и дека Русија ја поддржува Србија во борбата против „обоената револуција“, бидејќи смета дека „една од суштините на меѓународното право е некој да има право на свој пат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вулин очекува руската безбедносна служба ФСБ да…
Вицепремиерот на Србија Александар Вулин изјави дека…
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека…
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека…
Судир во Подгорица меѓу „аудито “ на…
Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се…
Видевски: Го прашав зошто ја уби Вања,…
На претходното судско рочиште, обвинетиот Боре Видевски…
Кој е Мустафа Имери, првиот директор Албанец…
Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор…