Вулин: Се чини дека најкраткиот пат кон ЕУ води преку подготвеноста за војна со Русија

t

Потпретседателот на владата на Република Србија Александар Вулин, по објавата на прелиминарните резултати на изборите и референдумот во Молдавија, оцени дека, во хипотетички случај, доколку во Србија буквално преку ноќ изборниот резултат од 57 отсто гласови против владата се смени на 50-50, Европската Унија, Соединетите Американски Држави и цело НАТО би барале оставка на владата, апсење на одговорните за кражбата и би дале знак да почнат крвави улични судири по примерот на Мајдан во Киев.

„Не го коментирам ни изборниот процес во Молдавија, ниту ги оспорувам резултатите или волјата на граѓаните на Молдавија, само се прашувам што би било доколку овој ноќен пресврт не се случеше во земја која со неверојатна брзина стигна пред вратата за прием во ЕУ, примерот на демократските вредности на ЕУ. Се чини дека најкраткиот пат кон ЕУ води преку спремноста за војна со Русија“, изјави Вулин.

Откако првично беше објавено дека врз основа на третина преброени гласови повеќето граѓани гласале против внесувањето на стратешката насока за ЕУ-интеграција во молдавскиот устав, утринава стигнаа вести дека половина од гласачите сепак се изјасниле „за“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…