Вучевиќ: Поблиску сме до формирање на нова влада, но не се исклучуваат и избори
Премиерот во оставка на Србија, Милош Вучевиќ вечерва изјави дека владејачката коалиција е поблиску до одлука за формирање нова влада, но дека не може да ја исклучи можноста за распишување избори, додавајќи дека конечната одлука ќе биде донесена за десет дена.
Вучевиќ изјави дека ќе следи закажување собраниска седница на која пратениците треба да се изјаснат за оставка, по што почнува рокот од 30 дена.
„Мислам дека сме поблиску до новата влада, но не можам да исклучам избори. Двете опции се на маса“, изјави Вучевиќ за телевизијата Јуронуј.
Премиерот посочи дека не може да се занимава со прогнози и дека треба да почека десет дена за да се види одлуката – дали ќе се формира нова влада или се зрели политичките услови за нови избори.
Вучевиќ изјави дека неговата оставка не била извршена со цел да се испровоцираат избори и дека не се сите во СНС среќни што тој поднел оставка.
„Не сите мислат дека требаше да дадам оставка. Немаше аплауз во СНС“, рече тој.
Тој додаде дека сега врши редовна работа во рамките на својот мандат и дека се уште не се започнати дискусии внатре во партијата, но дека тоа ќе следи во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МО на Србија: Курти бесрамно лаже, Вучевиќ…
Министерството за одбрана на Србија денеска ги…